Состојбата на Навални се подобрува, Путин се жали на несоодветни обвинувања

Рускиот и францускиот претседател и Путин и Макрон детално разговарале за ситуацијата во врска со Навални. 

326

Состојбата на рускиот дисидент Алексеј Навални е дополнително подобрена и тој може на кратко да се крене од својот кревет, соопшти денеска берлинската клиника „Шерите“.

Рускиот опозиционер во оваа клиника е на лекување, откако пред две недели со авион беше пренесен од болницата во сибирскиот град Омск.






Рускиот претседател Владимир Путин, пак, денеска  во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон рекол дека се несоодветни неоснованите обвинувања против Русија во врска со хоспитализацијата на Алексеј Навални.

Путин и Макрон детално разговарале за ситуацијата во врска со Навални. 

„Путин ја нагласил „несоодветноста на неоснованите обвинувања против руската страна во овој случај“, пренесува новинската агенција ТАСС.

 

Поврзани содржини