СОСТОЈБАТА НА ГАШИ Е СТАБИЛНА, МУ СЕ ПРАВАТ ДЕТАЛНИ АНАЛИЗИ Собранието не соопшти како ќе работи во следниот период

164

Здравствената состојба на претседателот на Собранието Африм Гаши е стабилна, а во моментов се вршат детални лекарски прегледи, информира собраниската прес-служба откако синоќа тој бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија поради преплет на цревата.

„Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, ја информираме јавноста дека тој вчера беше хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Здравствената состојба на Гаши е стабилна и во тек се детални медицински прегледи. Сите понатамошни информации ќе бидат навремено соопштени на јавноста од надлежните институции“, информираат од Кабинетот на Гаши.






Оттаму нема детали како ќе работи законодавниот дом и дали се откажани некои од активностите на Гаши.

Директорот на Клиниката, доктор Огнен Костовски, потврди дека претседателот на Собранието е примен во болница со преплет на цревата, дека се лекува медикаментозно и засега не се планира хируршка интервенција.

ГАШИ ИМАЛ ПРЕПЛЕТ НА ЦРЕВА, ЗАДРЖАН Е ВО БОЛНИЦА Засега не се планира операција

Поврзани содржини