Состојба со ковид-19 во светот: Расте бројот на новозаразени во Австралија

778

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 341. 684 луѓе заразени со коронавирусот. Од нив починати се 14.751, а оздравеле 99.041 лица.

Кина – Националната здравствена комисија на Кина денеска објави дека во државата не е регистриран ниту еден нов локален случај на зараза со Ковид-19, но 39 „увезени“ потврдени случаи. Петти ден пo ред без нови случаи во Вухан.






Германија – Бројот на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 22.672, а 86 починаа, соопшти денеска здравствениот институт Роберт Кох. Во таа држава до вчера имаше 18.610 заразени, и 55 починати.

Британија – Момче на возраст од 18 години е најмладата жртва на коронавирусот во Британија каде според најновите податоци има 5.740 заразени и 281 починати. Момчето имало и други здравствени проблеми. Вчера беа пријавени нови 48 заразени.

Турција – Лекарската унија бара од властите да се прават повеќе тестови за новиот коронавирус и сметаат дека има многу нерегистрирани случаи на заразени.

Шпанија – Се ограничува влегувањето на повеќето странци на територија на државата.

Токио – Олимпијадата можно е да биде одложена поради коронавирусот, нагласи јапонскиот премиер.

Европа – Почна клиничко испитување на четири лекови против коронавирусот

Австралија – Расте бројот на новозаразени – над 1.600, воведени се строги мерки. Властите забранија и впловување на крузери со стотици патници кои се жалеле на респираторни болести.

Венeцуела – Објавени серија економски мерки за помош за справување со предизвиците од ширењето на коронавирусот.

Саудиска Арабија – Вечерва стапува во сила полициски час ширум земјата откако бројот на инфицирани со Ковид-19 забележа раст од речиси 25 проценти, додека Обединети Арапски Емирати ги суспендираа сите патнички и транзитни летови кон и од земјата. Полицискиот час според наредбата на саудискиот крал Салман ќе трае 21 ден во периодот од 19 до шест часот. Во Саудиска Арабија регистрирани се 119 нови случаи, со што бројот  на заразени со новиот коронавирус се искачи на 511, што е најголема бројка помеѓу државите во Персиски Залив.

Поврзани содржини