Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот: Речиси 90.000 починати од новиот вирус, над 100 заразени во дом за стари во Будимпешта

Индонезија – во еден ден 40 смртни случаи и повеќе од 300 новозаразени. Тоа е најголем пораст на починати од почетокот на епидемијата во таа држава.

406

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.529.439 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 89.416, а оздравеле 337.164 луѓе.

– Два дома за нега на стари и изнемоштени лица во Будимпешта се погодени од коронавирусот. Во едниот има преку 100 заразени

– Во Шпанија има пад на дневниот број на смртни случаи во однос на вчера – 683 наспроти вчерашните 767.

– Во Швајцарија во изминатите 24 часа починаа 14 лица, а се заразија 124

– Во Австрија во изминатите 24 часа починаа 22 лица, заразени се 69.

– Индонезија – во еден ден 40 смртни случаи и повеќе од 300 новозаразени. Тоа е најголем пораст на починати од почетокот на епидемијата во таа држава.

– Во изминатите 24 часа во Романија починаа девет луѓе, а во Полска, Чешка и Украина – петмина.

Поврзани содржини