Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот: Повеќе од 430.000 луѓе заразени со новиот вирус, речиси 20.000 починати

Во Турција приведени над 400 луѓе поради провокации во врска со новиот коронавирус

405

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 435.366 луѓе заразени со новиот коронавирус. Смртни случаи има 19.618, а оздравеле 111.878 лица.

Иран – Вкупниот број заразени со Ковид-19 е 27.017. Борјот на починати е 2.077, за 143 повисок во изминатите 24 часа што е рекорден број од почетокот на епидемијата во државата.

Турција – Приведени над 400 луѓе поради провокации во врска со новиот коронавирус.

САД – Тројца американски морнари од носачот на авиони Теодор Рузвелт се позитивни на коронавирусот.

Холандија – Успорена стапката на пренесување на коронавирусот. Според проценки на Националниот институт за здравство, мометно едно заразено лице заразува едно друго лице. – Тоа значи дека експоненцијалниот раст на епидемијата е запрен, изјави ван Дисел, шеф на Националниот институт за здравство.

Шпанија – Во изминатите 24 часа починаа 738 луѓе, со тоа државата ја престигна Кина и е втора држава во светот по број на смртни случаи од коронавирусот по Италија. Вкупно има 3.434 смртни случаи досега.

Романија – Над 900 заразени, државата купува медицинска опрема од Јужна Кореја.

Поврзани содржини