Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот: Италија со неславен рекорд – 969 почината за 24 часа
Во САД досега се забележани над 100.000 инфицирани лица со Ковид-19, а само во последните 24 часа потврдени се 14.602 случаи и покрај тоа што сите американски сојузни држави се уште немаат пријавено нови случаи.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 600.859 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 27.417, а оздравеле 133.426 лица.
– Во Италија од новиот коронавирус починаа 9.134 лу]е, а во последните 24 часа нивниoт број изнесува 969, а регистрирани се 5.909 нови случаи. Тоа е најголема цифра на смртни случаи во еден ден.
– Во САД досега се забележани над 100.000 инфицирани лица со Ковид-19, а само во последните 24 часа потврдени се 14.602 случаи и покрај тоа што сите американски сојузни држави се уште немаат пријавено нови случаи. Досега починале 1.536 луѓе од кои 241 во последните 24 часа.
– Индија регистрира најголем раст на новозаболени од почетокот на пандемијата со новиот коронавирус. Во последните 24 часа 149 лица биле позитивни на Ковид-19. Вкупно во Индија се регистрирани 873 пациенти, од кои 19 починаа.
– Чешкиот премиер Андреј Бабиш најави дека најверојатно вонредната состојба ќе биде продолжена за уште 30 дена. Во Чешка заразени се 2.279 луѓе, а тестирани се 31.127. Десет лица оздравеа, а деветмина починаа од новиот коронавирус.
– Во Турција се ограничува меѓуградскиот автобуски сообраќај со цел да се запре ширењето на Ковид-19. Во земјата регистрирани се вкупно 5,698 инфицирани лица, од кои 42 озравеа, а 92 починаа.
Во Црна Гора инфекцијата со Ковид-19 е потврдена кај уште седум лица, со што бројот на заразени изнесува 82 и еден починат.
Во Австрија 7.697 лица се позитивни на новиот коронавирус, а бројот на смртни случаи порасна за девет и се изнесува 68.