Состојба со Ковид-19 до 17 часот: Повеќето држави од ЕУ соопштија дека ја совладале епидемијата

Кина ја нарече „апсурдна“ тужбата против неа поднесена од американската држава Мисури поради пандемијата на коронавирусот.

700

Според најновите податоци, со новиот коронавирус во светот се заразени 2.586.266 лица. Од нив починати се 179.929 , а оздравеле 705.814 луѓе.

– Турција испрати 20.000 маски, 50.000 заштитни одела и 100.000 визири помош за пакистанските лекари.






– Во Бугарија има вкупно 1.024 потврдени случаи на Ковид-19, соопшти Националниот оперативен штаб. Починати се 49 лица.

– Повеќето држави од ЕУ денеска соопштија дека ја совладале епидемијата на Ковид-19, изјави заменик-претседателот на Европската комисија Марош Шефчович по состанокот на министрите за европски прашања.

– Кина ја нарече „апсурдна“ тужбата против неа поднесена од американската држава Мисури поради пандемијата на коронавирусот.

– Украинските власти ќе ги продолжат строгите карантински мерки до 11 мај, изјави денеска премиерот Денис Шмигал.

– Авиони на Романските воени воздушни сили денеска од Турција во земјата ќе донесат 300.000 заштитни маски од типот FFP2 и FFP3, соопшти романското Министерство на национална одбрана.

– Иран денеска соопшти дека има уште 94 починати од коронавирус, и во исто време истакна дека продолжува тенденцијата на намалување на бројот на новозаразени. Вкупниот број на жртви во Иран достигна 5.391, а заразени се вкупно 85.996 луѓе.

– Во Сингапур бројот на заразени се зголеми на 1.141, откако во последните 24 часа се потврдени 1.016 нови случаи на коронавирусот.

Поврзани содржини