Состојба со коронавирусот до 10 часот: Заразени две учителки во Словенија, „фрчат“ лажни вести во Црна Гора

1,079

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 126.513 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 4.630, а оздравеле 68.319.

Хрватска – Министерот за екологија и енергетика Томислав Ќориќ изјави дека луѓе кои шират лажни вести за новиот коронавирус треба да бидат казнети, а министерот за внатрешни работи Давор Бижиновиќ и за правда Дражен Бошњаковиќ најавија истрага против такви поединци. На социјални мрежи се шири вест дека Загреб е под карантин. Во моментот во самоизолација се 5.900 луѓе. Првите тројца кои беа заразени веќе се излекувани






Словенија – Според официјални податоци – има 57 заразени со коронавирусот. Од понеделник се затвораат сите училишта, градинки и факултети. Заразени се две учителки од две основни училишта. Во едната е заразен и ученик.

Србија – Властите затворија некои гранични премини кон Хрватска. Број на заразени е 19.

Ватикан – Папата ги повика Италијанците да останат дома и да ги слушаат одлуките на Владата за карантинот и коронавирусот.

Црна Гора – Нема заразени со новиот коронавирус, но се шират голем број лажни вести.

Австрија – Се поголем број заразени – до утрово 302 лица. Вчера попладне цифрата беше 246. Од почетокот на епидемијата излекувани се четири лица. Од понеделник се затвораат училилштата и градинките до 12 април. Во средните училишта ќе учат онлајн.

Данска – Данските власти ги затвораат сите градинки, училишта и универзитети на две недели од понеделник.  Вработени во државниот сектор чии дејности не се исклучително важни одат на одмор. Има вкупно 514 случаи на заразени, од понедленикот таа цифра е зголемена 10 пати.

Австралија – Регистрирани 125 случаи. Починаа вкупно три лица.

Индија – Заразени осум нови лица, вкупно се 68.

Њујорк – Дау Џонс потона како во кризата во 2008 година.

Поврзани содржини