СОСЛУШУВАЊА, СНИМКИ, ЕЛАБОРАТИ, АПАРАТИ… Обвинителството ги бара сите документи за изгорената болница

Обвинителството побарало и да се обезбедат податоци во врска со лицето кое било одговорно за раководење со изградбата, лицето кое имало овластување за надзор, извештај дали е извршен технички прием и ако е извршен – кој го извршил и кои лица ја изготвиле техничката спецификација за јавната набавка за модуларните болници изградени во Република Северна Македонија.

404

Основното јавно обвинителство Тетово му нареди на Министерството за здравство да ја предаде целокупната документација за градбата на модуларната болница во Тетово, во која во пожар загинаа 14 лица. За таа цел испратени се истражители од ОЈО Тетово до надлежното министерство да ја подигнат документацијата која ќе биде предмет на разгледување и анализа.

Петтемина обвинители од истрагата поднеле барање за пружање помош во кривична постапка до Основното јавно обвинителство во Велес, за од правно лице од Велес, да се одземе целокупната документација по однос на градбата на модуларната болница во Тетово.






Доставена е наредба до ЈЗУ Клиничката болница во Тетово да достави податоци во насока да се утврди дали Болницата имала изготвено елаборат за складирање на хемикалии и горива, генератори при прекин на струја, како и да го достави Планот за електрична инсталација на модуларната болница. Издадена е писмена наредба до тетовската болница да го достави Планот – елаборат на системот за снабдување со кислород со доводи, цевки и приклучоци за модуларната болница. Од ЕВН Македонија КЕЦ-Тетово е побарано да се достави елаборатот за снабдување со електрична енергија, односно Планот за целокупната електрична инсталација за модуларната болница.

Покрај претходно издадена усмена наредба до инспекторите за компјутерски криминал на СВР-Тетово, доставена е писмена наредба да бидат обезбедени снимките објавени на социјалните мрежи, со акцент за обезбедување на снимките во текот на пожарот, да се достават службени белешки или евентуално записници за обавените разговори на критичниот ден, обезбедување листа на членови на семејствата, како и на починатите лица, како и од пациентите болни од ковид-19 кои биле евакуирани. По прибирање на потребните податоци, лицата ќе се сослушаат во Основно јавно обвинителство во Тетово и ќе биде подготвен посебен извештај во врска со првопристигнатите полициски службеници, во смисла на тоа дали презеле некои дејствија на кршење прозори, врати или ѕидови или во внатрешните простории, дали некое полициско лице било присутно на самото место, за начинот на кој е известено во СВР-Тетово за настанатиот пожар, како и од кого биле известени“, соопшти ОЈО.

Обвинителството побарало и да се обезбедат податоци во врска со лицето кое било одговорно за раководење со изградбата, лицето кое имало овластување за надзор, извештај дали е извршен технички прием и ако е извршен – кој го извршил и кои лица ја изготвиле техничката спецификација за јавната набавка за модуларните болници изградени во Република Северна Македонија.

Издадена е и Наредба за градежно вештачење до Градежен институт „Македонија“, за да се подигнат примероци од опожарениот вграден градежен материјал од самото место на настанот – под, таван, ѕидови, прозори, врати, изолација и слично од модуларната болница, со цел да се испита и да се образложи од каков материјал се изработени, каков материјал е вграден во модуларната болница во Тетово и да се преземат и други потребни дејствија, кои се во насока на утврдување на составот на градежните материјали.

Обвинителството продолжува да сослушува сведоци и лица кои даваат потребни известувања, по однос на трагичниот настан.

Основното јавно обвинителство во Тетово во соработка со Основното јавно обвинителство во Скопје, презема дејствија и активности со цел да се утврди дали и какви мерки на противпожарна заштита се применети во модуларната болница во Тетово од пуштањето во употреба до денот на пожарот. Притоа донесена е писмена наредба за да се прибават и сите протоколи за начинот на работа, како на Модуларната болница, така и на ЈЗУ Клиничка болница во Тетово.

Поврзани содржини