СОСЛУШАНА СОПРУГАТА НА МОНСТРУМОТ Неколку дена се однесуваше чудно, беше на невропсихијатар
Како што кажа таа, тој немал никакви несогласувања, ниту претходно се скарал со своите станари , кои први ги убил, така што приказните за претходниот конфликт се чиста шпекулација, исто како и измислицата што можеше да се прочита во последните денови дека Бориловиќ бил растревожен затоа што го оставила сопругата, не таа не го оставила, туку како и секоја година земала годишен одмор и со децата одела на лето кај роднините, истакнува изворот.
Вук Бориловиќ, напаѓачот кој минатиот петок уби 10 сограѓани и рани уште шестмина бил чуден на денот на масакрот, а тој ден претходно отишол и на специјалистички преглед кај невропсихијатар откако за тоа го замолил еден негов пријател. Полицијата ја испрашуваше сопругата на Бориловиќ. Таа вели дека тој се однесувал чудно уште неколку дена пред настанот, кога дошол да ја посети неа и децата во приморското место каде што летувале, пишува Мондо.
– Таа беше сослушана во првите часови од истрагата. Таа објасни дека тој бил чуден неколку дена пред злосторството, кога дошол да ги посети на приморско место каде таа се одмарала со нивните деца, но дека тоа не е ништо посебно – вели изворот од полицијата.
Изворот вели и дека жената кажала дека Бориловиќ немал никакви несогласувања со станарите.
– Како што кажа таа, тој немал никакви несогласувања, ниту претходно се скарал со своите станари , кои први ги убил, така што приказните за претходниот конфликт се чиста шпекулација, исто како и измислицата што можеше да се прочита во последните денови дека Бориловиќ бил растревожен затоа што го оставила сопругата, не таа не го оставила, туку како и секоја година земала годишен одмор и со децата одела на лето кај роднините – истакнува изворот.
Тој објаснува дека е потврдено дека на Бориловиќ кобниот ден му бил закажан специјалистички преглед.
– Последниве денови се однесува чудно, поради што еден пријател го замолил да оди на невропсихијатар, на што тој се согласил – вели извор од Цетиње.
Изворот додава дека медиумските шпекулации за можна крвна одмазда само ги зголемуваат тензиите и создаваат паника кај жителите на Цетиње.
– Во овој момент ништо не укажува дека нешто такво навистина може да се случи. Трагедијата е преголема. Нема потреба да се крева тензија со шпекулации во вакви тешки моменти заради поголем тираж на весниците и поголем број посети на одредени портали – додава извор од истрагата.
Полицијата, вели тој, не крие ништо и додава дека сѐ што е официјално објавено досега е единствената вистина за најголемиот криминал.
– Извршена е реконструкција, претресена е куќата на Бориловиќ, додека сѐ уште се собираат изјави на сведоци, како и вештачења.
Изворот потврди дека Бориловиќ е погребан на тајна локација надвор од Цетиње.
Полициската управа официјално соопшти дека при претресот на куќата на Вук Бориловиќ пронашле 4.200 евра и осум куршуми за ловечката пушка од кои тој по случаен избор пукал во соседите, екипата на итната помош, припадниците на полицијата и случајните минувачи за време на крвавата драма.