Соселани претепаа жител на Велешта
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски денеска информира дека И.И. (40) бил хоспитализиран во Општата болница во Струга, со тешки повреди на главата.
Четириесет годишен жител од струшко Велешта синоќа бил нападнат и тешко повреден од лица од истото село.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски денеска информира дека И.И. (40) бил хоспитализиран во Општата болница во Струга, со тешки повреди на главата.
– По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека И.И., на авто-плац кај селото Долна Белица, бил физички нападнат од Г.О. и А.О. од селото Велешта. Против напаѓачите, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – изјави Димоски.