СОСЕДИ СЕ СТЕПАЛЕ ЗА ПАРКИНГ МЕСТО Полноќната расправија во Аеродром завршила со физичка пресметка

42-годишник од Свети Николе пријавил дека бил нападнат од неговиот сосед.

1,429

Расправија за паркинг простор пред зграда во Аеродром завршила со физичка пресметка меѓу соседи и со полициска пријава. 42-годишник од Свети Николе пријавил дека бил нападнат од неговиот сосед.

„Денеска (25.07.2024) во 02.30 часот во СВР Скопје, А.П.(42) од Свети Николе пријавил дека околу 00.20 часот пред зграда на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија за паркинг простор, бил физички нападнат од негов сосед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – информираат од МВР.

Поврзани содржини