СОСЕДИ СЕ СКАРАЛЕ, ПА ИЗВАДИЛЕ ПИШТОЛИ Малолетник повреден во вооружената пресметка во Скопје

Повредените биле пренесени во болницата „8 Септември“ каде што им била укажана лекарска помош.

260

Четири лица, меѓу кои и еден малолетник се повредени во расправија меѓу соседи од две семејства во Скопје. Расправијата прераснала во физичка пресметка меѓу двете семејства при што било употребено и огнено оружје и остри предмети.

„На 02.08.2023, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ф.(38) и С.Н.(31), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека во плац на бул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје учествувале во физичка пресметка помеѓу две семејства – соседи, во која било употребено огнено оружје и остри предмети, при што со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.(51) и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле Ш.И.(22) и С.И.(27). Повредените биле пренесени во болницата „8 Септември“ каде што им била укажана лекарска помош.






Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – информираат од МВР.

Поврзани содржини