„СОСЕДИ, БЕВМЕ ПРИНУДЕНИ ДА СЕ БРАНИМЕ“ Иран немаше друг избор, тврди претседателот Пезешкијан
Иранскиот претседател тврди дека Техеран се обидел дипломатски да ја избегне војната, но бил принуден на воен одговор.
Иран го почитува суверенитетот на соседните земји, но бил принуден да се брани со напади врз американски воени објекти во регионот, порача денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Toj соопшти дека Техеран се обидел да избегне војна по дипломатски пат, но дека, како што наведе, бил принуден на воен одговор.
„Ваши величества, шефови на држави на пријателски и соседни земји, се обидовме да спречиме војна преку дипломатски средства, но американско-ционистичката воена агресија не ни остави друг избор освен да се одбраниме. Го почитуваме вашиот суверенитет и веруваме дека безбедноста и стабилноста во регионот мора да се постигнат преку колективните напори на народите што живеат во него“, напиша Пезешкијан.
Според него, Иран бил принуден да реагира со напади врз американски воени објекти во земјите од Персискиот Залив.
Ескалацијата следува откако САД и Израел извршија напади врз иранска територија во саботата наутро, по што Техеран возврати со одмазднички удари врз цели во Израел и врз американски позиции во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток.