СОРОС НЕМА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ЕВРОПА Неговиот син најави големи промени и отпуштања во фондацијата
Бидејќи фондацијата Отворено општество го преобликува начинот на кој функционира на глобално ниво, соодветно ги менува своите приоритети во Европа, се вели во написот на Александар Сорос во кој тој вели дека има нова ситуација во Европа слична како падот на Берлинскиот ѕид.
Александар Сорос, синот на познатиот Џорџ Сорос во свој напис пишува дека фондацијата на неговиот татко, која тој сега ја води нема да се повлече од Европа и покрај „текстонските промени кон Исток“ и последиците од војната во Украина. Александар сепак најавува големи промени во фондацијата, како и отпуштање на работници, пишува Политико.
„Во поширока смисла во Европа сме сведоци на поместување кон исток. Војната во Украина ќе има несогледливи последици, додека подемот на Полска како водечка економија на крајот ќе ја направи нето придонесувач во ЕУ. Иднината на одговорна, демократска влада во Европа сега се решава не само во Париз и Берлин, туку и во Варшава, Киев и Прага. Бидејќи фондацијата Отворено општество го преобликува начинот на кој функционира на глобално ниво, соодветно ги менува своите приоритети во Европа“, се вели во неговиот напис во кој тој вели дека има нова ситуација во Европа слична како падот на Берлинскиот ѕид.
„Да, тоа значи дека ќе отфрлиме некои области на работа додека се фокусираме на денешните предизвици, како и на оние со кои ќе се соочиме утре“, пишува Сорос за можните отпуштања.
Александар смета и дека ако Доналд Трамп победи на следните избори во САД тоа може да заврши многу полошо за ЕУ отколку за САД. Таквиот исход, предупредува тој, ќе го загрози европското единство и ќе го поткопа напредокот постигнат на многу фронтови како одговорот на војната во Украина.
Тој вели дека, како и неговиот татко, верува дека ЕУ е еден од најголемите триумфи на модерната историја.