СОРАБОТКАТА СО СДСМ Е МИНАТО Стојанче Ангелов не го добил ветеното

Директорот на ЦУК е категоричен дека соработката со СДСМ веќе е минато и дека е разочаран поради тоа што партијата на Димитар Ковачевски не ги исполнила барањата на неговата политичка партија Достоинство.

1,909

„Соработката со СДСМ веќе е минато“, потенцира утрово во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ првиот човек на Центарот со управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Тој е категоричен дека соработката со СДСМ веќе е минато и дека е разочаран поради тоа што партијата на Димитар Ковачевски не ги исполнила барањата на неговата политичка партија Достоинство.






– Во овој момент сметам дека соработката со СДСМ е минато. Оваа влада потфрли во суштината на Достинство. Прогласија само четири воени инвалиди. СДСМ треба да го притисне ДУИ и Талат Џафери – вели Ангелов.

Ангелов искажа незадоволство и за суштинските промени во ЦУК.

– Во делот на кризниот менаџмент влегов со срце, ја проучив материјата, цело време сум на терен, но за жал не ми беше дадена можноста да ги направам неопходните реформи. Професорот Марјан Ѓуровски, кој е дел од главниот штаб на ЦУК, за кој јас лично се сомневам најблиску бил до оган ако правел скара – вели саркастично генералот Ангелов.

Освен ваквите теми, Ангелов ја искоментира и случката од вчерашниот ден, кога министерот Оливер Спасовски рече дека МВР има нов медикоптер, но Ангелов потсети дека за тоа била заслужна ЦУК, а никој не се повикал на нивниот ангажман.

Поврзани содржини