Сопственикот на осомничената фризерница: Ниеден фризер не напишал седум учебници

4,713

Зоран Златковски, сопственикот на фирмата „Вез трејд“, за која се појавија сомневања кои ги следи и Обвинителстото дека злоупотребила 270 илјади евра грантови од Националната агенција за европско образование и мобилност во писмен допис ги отфрла обвинувањата.

Во писмена изјава испратена до медумите Златковски вели дека тој не фризер, туку наставник, обучувач, консултант кој работи на полето на образованието во последните 25 години како професор по стручни предмети и координатори на бројни проекти.






Бидете сигурни дека еден ниеден „фризер” , како што има обид да бидам претставен, не напишал седум учебници од кои што учат генерации на ученици. И тоа е неспорен факт кој не дозволува со потценувачки и омаловажувачки пристап да се објавува како „фризерница добила 270.000 евра грантови”. Прво, не добила фризерницата, туку добила фирмата Вез Трејд која има поширока дејност од само „фризерница” и прашува зарем ако е „фризерница” не смее да учествува и аплицира во образовни проекти?, вели Златковски во писмената изјава.

Тој вели дека право на учество во Еразмус програмата имаат сите ентитети во партнерските земји на ЕУ и програмските земји меѓу кои е и Македонија, кои имаат регуларно регистрирани дејности кај националните надлежни институции чии проекти се во полето на образование, односно кои работат во полето на образованието.

„Преку аплицирање и спроведување на Еразмус проекти фирмата ВЕЗ работи во полето на образованието. Исто за воља на вистината треба да се има во предвид фатот, дека оваа “фризерница” е дел од неколку национални и меѓународни мрежи и иницијативи, како Нациналната мрежа за медиумска писменост и Youth@Work мрежата“, пишува сопственикот Зоран Златковски.

Се следат сите информации во јавноста, како се добиени 270 илјади евра за образовни обуки, преку Агенцијата за европски образовни програми. Нема оформено предмет засега, но таа можност не се исклучува вели за ТВ24 државниот обвинител Љубомир Јовески.

Поврзани содржини