Сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка“ остана без пасош

1,424

Кривичниот суд му одреди мерки на претпазливост на сопственикот на дивоградбата кај ТЦ„Мавровка“, Мевљудин Алити, откако вчера Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против него поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело- бесправно градење.

Како што објави Сител, судот на Алити привремено му го одзел пасошот, а истовремено донел одлука за забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, како и обврска да се јавува повремено во Основниот кривичен суд Скопје.






Денеска машините на Македонија пат продолжија со уривање на дивоградбата, за која Алити тврди дека имал дозвола да ја гради.

Поврзани содржини