СОПСТВЕНИКОТ НА БУРЏ КАЛИФА И НА ДУБАИ МОЛ ГИ ПОСЕТИЛ СКОПЈЕ, ОХРИД И ШАПКА Се разгледуваат можности за инвестиции

Разговарано е за лет со Флај Дубаи за линијата Дубаи - Скопје кој наскоро треба да започне, а со Ер Арабија се зборува за отворање на најмалку два лета од кој еден е можно да биде од Охрид.

15,600

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потврди дека сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол бил во Скопје, Попова Шапка и во Охрид за да ги разгледа можностите за инвестиции.

Како што рече денеска Николоски, по посетата на владиниот тим на Обединетите Арапски Емирати на средината на април годинава, од таму веќе доаѓаат инвеститори во Македонија и има доста можности и простор за соработка.






– Првпат ја отворивме Македонија натаму, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјалните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид. Мислам дека треба да се отвориме кон овој свет, има доста можности и простор за соработка – рече Николоски во емисијата „Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5.

На средбата на Николоски со претседателот на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, како што објави тој претходно, биле отворени теми и можности за силна соработка во повеќе сектори, транспорт и инфраструктура, туризам, земјоделство и енергетика. Тој тогаш соопшти и дека договараат летови со Ер Арабија.

– Имаме бројни средби, ќе потпишеме неколку договори за економска соработка. Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со Флај Дубаи за лет Дубаи – Скопје кој наскоро треба да започне, а зборуваме и со Ер Арабија за отворање на најмалку два лета од кој еден се надевам дека ќе биде кон охридскиот регион со што дополнително би се развил туризмот – изјави Николоски на 15 април годинава.

Поврзани содржини