Сопственик на пицерија западнал во долгови поради карантинот па го искршил целиот ресторан ВИДЕО

1,388

Поради пандемијата на коронавирус и воведувањето рестриктивни мерки во Италија, сите кафулиња, пицерии и ресторани, меѓу другите, се затворени уште од март.

Огорчениот сопственик на угостителски објект Џан Марио Фену (59) во Сардинија ја уништил својата пицерија, затоа што сфатил дека ќе западне во уште поголеми долгови ако го отвори по два месеци карантин во Италија, отколку да го затвори.






Тој во видеото што го објави на Фејсбук рече дека коронавирусот е виновен за кризата.

– Не можам повторно да го отворам ресторанот, благодарам ковид“, рекол тој.

– Не обвинувам никого, едноставно не можам да продолжам. Иако беше затворена, пицеријата ми чинеше 3.000 евра месечно – навел Џан.

На видеото се гледа како тој со шипка ја крши внатрешноста на локалот „Фанатик“, кој успешно го водел цели 30 години.

 

Поврзани содржини