Сопругата на диџеј Ицко: Ќе излеземе на прав пат, не се секирај и не се сомневај

Ристо Меловски, на јавноста ѝ беше познат како диџеј Ицко од „Антена 5 Македонија“. Тој беше сопруг и татко на две деца.

10,185

Наташа Меловска, сопругата на диџеј Ицко – Ристо Меловски, кој синоќа ја изгуби битката со коронавирусот на Инфективната клиника преку Фејсбук се прости од него.

„Немам зборови, нема утеха за твојата загуба. Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со голем Д за сите. Празнината секогаш ќе боли, но среќни сме затоа што беше дел од нашиот живот. Те сакам и секогаш ќе те сакам душичке моја, љубов моја.Ти благодарам за секој прекрасен момент, за тоа што секогаш знаеше да ме насмееш и орасположиш. Тешко е, но морам да продолжам понатаму заради тебе, бидејќи ти беше човек кој секогаш одеше напред, морам и заради нашите деца, бидејќи ти веруваше во мене. Ќе излеземе на прав пат не се секирај и не се сомневај, бидејќи ти секогаш ќе внимаваш на нас, знам. Нека ти е светол патот кон вечноста“, напиша Наташа.






Ристо Меловски, на јавноста ѝ беше познат како диџеј Ицко од „Антена 5 Македонија“. Тој беше сопруг и татко на две деца.

Диџеј Ицко на клупската сцена во земјава опстојува повеќе од 15 години и тој е синоним за електронската и прогресивна музика во земјава. Тој десетина години беше дел тимот на радиото Антена 5.

.

Колегите и пријатели се простуваат на социјалните мрежи од диџеј Ицко.

Тој првите симптоми на вирусот ги добил на 3-ти јуни и од тогаш започнала битката за живот, вели за Фокус Александар Костиќ, претседател на меснатата заедница Галичник, инаку местото од каде потекнува Мелоски.

– Скршени сме од веста. Ицко почина синоќа, на Инфективната клиника во Скопје. На трети јуни се појавија првите симптоми, па беше подобар потоа, дома. На седми беше хоспитализиран. Информациите кои доаѓаа беа лоши, но сите верувавме дека ќе издржи, дека ќе се спаси. Зад себе остави сопруга, две деца, Матеј и Јована. Пред 11 дена Матеј славеше полнолетство. Ицко беше млад човек, полн со живот. Ова е шокантен потсетник дека болеста не бира по никој основ, изјави Костиќ.

Фото: Фејсбук Наташа Меловска

Поврзани содржини