СОПРУГОТ Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ПИШТОЛ Жена од Аеродром пријавила семејно насилство со закани по живот
Семејна драма се случила во скопската населба Аеродром, каде маж се заканувал со пиштол на својата сопруга и направил штета во домот. Полицијата го идентификувала и веќе презема мерки.
51-годишна жена пријавила дека била жртва на закани со огнено оружје од сопствениот сопруг. Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на вчера, но инцидентот се случил неколку дена претходно на 22 јули околу 18:30 часот.
Според пријавата, нејзиниот 53-годишен сопруг, Г.А. од Скопје, по претходна расправија, ѝ се заканувал со пиштол во семејниот дом. Но тука не застанал, по заканите почнал и да оштетува лични предмети кои припаѓале на членовите на семејството, предизвикувајќи дополнителна вознемиреност и страв.
Полицијата веднаш постапила по пријавата. Службеници од Полициската станица Кисела Вода го повикале Г.А. на службен разговор и во моментов се врши целосна документација на случајот.
„По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок до надлежното обвинителство,“ информираат од МВР.