СОПРУГОТ САКАЛ ДА ЈА ВИДИ РАСПАРЧЕНА НА ДЕЛОВИ Актерката откри страшни детали за насилството
Кристина Ричи, позната по филмот „Семејството Адамс“ ѝ соопшти на јавноста дека се разведува од сега веќе поранешниот сопруг Џејмс Хирдиген, признавајќи дека од него со години трпела брутално насилство.
Актерката Кристина Ричи ги изненади своите фанови пред неколку месеци кога на Инстаграм објави дека е бремена, само една година откако поднесе барање за развод од поранешниот сопруг Џејмс Хирдиген.
„Животот станува сѐ подобар“, напиша Кристина тогаш, објавувајќи фотографија од ултразвук на која го означи своето ново момче Марк Хемптон, а потоа ја израдува јавноста со добрата вест во декември 2021 година, објавувајќи дека на свет го донела нивниот син Клео.
Меѓутоа, пред среќната вест, Кристина Ричи, позната по филмот „Семејството Адамс“ ѝ соопшти на јавноста дека се разведува од сега веќе поранешниот сопруг Џејмс Хирдиген, признавајќи дека од него со години трпела брутално насилство.
По пријавата му забраниле да се приближи до неа и нивното дете, а потоа во јавноста испливаа ужасни детали.
Имено, Кристина навела дека нејзиниот сопруг почнал да ја злоставува во 2019 година, и дека ја тепал, плукал и малтретирал, како и дека се плаши за нејзиниот и за животот на детето. Ѕвездата на семејството Адамс му рекла на Џејмс дека сака развод, но нејзините планови биле прекинати кога пандемијата ја погоди Америка во март. Додека земјата влегувала во национална блокада, актерката апелирала „дека се нашла заробена во куќата со насилник“. За време на карантинот, таа тврдела дека нејзиниот сопруг двапати ја нападнал. Конфликтот станал толку жесток, што тој ја бркал низ куќата за да ја спречи да повика полиција за време на расправијата.
Во полициските документи стои дека Џејмс ја влечел Кристина за зглобовите и ја фрлил во каминот и ја мавал со стол. На Кристина ѝ останале бројни модринки и исеченици, а во вториот напад истиот месец, изјавила дека Хирдиген ја плукал, фрлал кафе врз неа и сето тоа додека нивниот син ги гледал. Таа тогаш се плашела дека сз може да заврши со смртен исход и била многу исплашена за својот живот, бидејќи тој изјавил дека може да ја сожали, само ако е распарчена на ситни делови.
Потсетуваме, парот се венча во 2013 година, а една година подоцна го добија синот Фреди. Во јули 2020 година, Кристина го пријавила сопругот за семејно насилство и побарала забрана за пристап. Следуваше барање за развод, а тие официјално се разведоа во јули минатата година.