Сопругот на бремената Карди Би ја молел поранешната за секс ФОТО

783

Раперот пред две години ја молел поранешната девојка за секс, а кога таа го одбила нему му останало само да плаќа алиментација.

Раперот Офсет (27), кој е во брак со раперката Карди Би (27), уште еднаш се најде во центарот на скандалот. Двојката е во брак од 2017 година, а неговата поранешна девојка, Шаја Л’амур, со која ја има ќерката Калеу, ги објавила пораките кои ѝ ги праќал јуни 2018 година.






Офсет сакал да има сексуален однос со Шаја, како што ѝ напишал, „за последен пат“, но таа упорно го одбивала. Сега Шаја раскажала дека Офсет престанал да плаќа алиментација откако таа одбила да има секс со него.

Раперот на поранешната девојка повеќепати ѝ ја пратил истата порака, а таа потоа го „подбрала“.

„Единствената работа поради која треба да се гледам со оженет маж е поради нашата ќерка“, му напишала Шаја.

Одлучила скриншот од разговорот да го објави, бидејќи, како што рекла, преку глава ѝ е од прозивки.

„Сакав да се воздржам од објавување на овој разговор, но тој и неговата кучка немаат почит кон мене иако сум срдечна и сочувствителна“, напишала Шаја покрај објавата на разговорот. Во периодот кога Офсет ѝ ги праќал непристојните пораки на Шаја, неговата сопруга Карди Би била бремена.

Ова не е првпат да се објават фотографии од разговори во кои Офсет иницира секс со други девојки, иако е во брак со Карди Би. Истата таа година се појавиле СМС-пораки во кои Офсет наводно се обидувал да договори секс во тројка. Офсет од жена под име Самер Бани барал да му договори секс во тројка со неа и со раперката Кубан Дол.

Офсет после тие пораки јавно ја молеше Карди Би да му прости, на што на крајот се согласи.

 

Dok je Cardi B bila trudna, njen muž molio bivšu da se seksaju

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини