СОПРУГАТА НА ШУМАХЕР ПО 8 ГОДИНИ ПРОГОВОРИ ЗА НЕГОВАТА СОСТОЈБА Откри што ѝ рекол пред кобната несреќа
Корина Шумахер, сопругата на легендарниот возач на Формула 1 Михаел, првпат јавно зборуваше за несреќата на скијањето и за тоа како сега како изгледа сега животот на нејзиниот сопруг.
Една од најголемите икони на спортот доживеа повреди на скијањето во декември 2013 година, поради што до јуни 2014 година беше во вештачки предизвикана кома.
Корина открила дека Михаел тој кобен ден се колебал дали воопшто да скија поради расплетот на настани и размислувал за заминување од Алпите во замена за потоплите краеви, односно за патување во Дубаи.
– Кратко пред да се случи несреќата, ми рече: „Снегот не е оптимален. Можеме да отидеме за Дубаи и таму да нуркаме“ – рекла Корина.
Денес, признава неговата сопруга, Шумахер повеќе не е истиот и ѝ недостасува неговата стара верзија поради тоа што неговото однесување драстично се сменило по несреќата.
– Михаел ми недостасува секој ден – изјавила таа во документарецот.
„Сè уште е со мене, поразличен е, но тука е. Сè уште секојдневно ми покажува колку ментално е силен“.
Корина сè уште не може да верува каква несреќа им приредил животот поради тоа што кариерата на Михаел во еден од најопасните спортови на Земјата поминала со ниту една гребнатинка, а сепак заврши во таква здравствена состојба во каква што е моментално.
„Ги поминавме сите негови трки без повреди, затоа бев убедена дека има неколку ангели чувари кои внимаваат на него. Не знам дали тоа беше само одбранбен механизам или наивност, но едноставно никогаш не ми падна на памет дека може такво нешто да му се случи на Михаел“.
За закрепнувањето на Михаел изнела малку детали.
„Никогаш не го обвинував Господ поради сето ова затоа што несреќи им се случуваат на сите. Тоа беше лоша среќа, цела лоша среќа која било кој во животот можеби некогаш би ја искусил. Се обидуваме да продолжиме со животот како семејство, на начинот на кој Михаел сакаше да биде и кој сè уште го сака. Живееме заедно во нашата куќа, одиме на терапии, правиме сè што можеме за животот на Михаел да го направиме подобар и да му биде уште попријатно. Приватноста е најважна, тоа што се случува во нашиот дом, останува дома. Важно ми е да продолжи да се почитува неговата приватност и да уживаме во неа колку што можеме. Михаел секогаш нè штитеше нас, а сега ние внимаваме на него“, заклучила Корина.