Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска на изложба на дизајнерката Сара Реџиќ

Ѓоргиевска на средбата со дизајнерката нагласи дека во континуитет ќе ги поддржува проектите на младите креатори, претприемништвото и на малите бизниси.

454

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Млади Хаб – канцеларија на претседателот се сретна со дизајнерката на облека и модни додатоци Сара Реџиќ.

„На средбата Реџиќ ја запозна Ѓоргиевска со нејзините активности, како и со предизвиците со коишто се соочуваат модните дизајнери, поради пандемијата на ковид-19. Имајќи предвид дека оваа професија е една од погодените од кризата, Ѓоргиевска рече дека е неопходен силен поттик, и во овие вонредни услови, нашите дизајнери да продолжат да го негуваат и збогатуваат својот уметнички и креативен израз. Во тој контекст Ѓоргиевска нагласи дека во континуитет ќе ги поддржува проектите на младите креатори, претприемништвото и на малите бизниси“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.






Реџиќ ја запознала сопругата на претседателот со пристапот во креирање на облеката, којшто во голем дел се состои од рачна изработка. Дизајнерката Сара на средбата истакнала дека настојува нејзините креации да бидат достапни за што поголем број жени.

„Изразувајќи благодарност до Ѓоргиевска за поддршката во промовирањето на активностите на македонските дизајнери, Реџиќ презентираше дел од нејзините модни креации изложени во Млади Хаб – канцеларија на претседателот“, наведоа од Кабинетот на претседателот на државата.

Поврзани содржини