📷 СОПРУГАТА НА ПРЕМИЕРОТ ЈА ЗГОТВИ МАНЏАТА Рози Мицкоска волонтираше во хуманитарната акција на црквата „Свети Спас“
Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, се приклучи на волонтерите во народната кујна „Свети Спас“ во Лисиче. Заедно подготвуваа оброци и вапцуваа велигденски јајца за социјално загрозените граѓани.
Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, денеска се приклучи на тимот волонтери во црковно-народната кујна „Свети Спас“ во Лисиче, пренесе Курир.
Таа и останатите волонтери подготвуваа оброци за социјално загрозените граѓани и вапцуваа велигденски јајца во пресрет на велигденските празници.
На тимот волонтери се приклучија и пратеникот Бојан Стојаноски и градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески.

