СОПРУГАТА НА ПОРТПАРОЛОТ НА КРЕМЉ КРШИ ЧИНИИ ВО ГРЦИЈА Како добивте виза за ЕУ, ако сте под санкции? (ВИДЕО)
Дали вашиот сопруг Песков, долгогодишниот портпарол на Путин, снимаше сѐ?, Зошто не сте на Крим?, Како добивте виза за ЕУ, гласат коментарите. Во Украина не умираат само украински момчиња, туку и руски мажи. Замислете само за момент како би се чувствувала мајката на починатото момче кога ќе го види вашето видео. Нејзиниот син прави Бог знае што во Украина, а овде го гледаме Рускиот естаблишмент крши чинии, затоа што тие сакаат и се забавуваат, гласи друга остра критика.
Службата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наиде на остри критики откако беше снимена како крши чинии на свадба додека беше на одмор во Грција. Поранешната олимписка лизгачка Татјана Навка (47), родена во Украина, е во брак со Дмитриј Песков (54), портпаролот на рускиот лидер Владимир Путин и заменик-шеф на неговата администрација во Кремљ.
Поранешната руска манекенка поради големиот број критики што ги доби за користење на чинијата, го отстрани видеото од Инстаграм. Имено, снимката е направена додека таа била на одмор. Најпрвин летувала во Турција во градот Ефес, а потоа заминала во грчко одморалиште, пишува ДејлиМејл.
1/2
Nonostante le sanzioni personali, la moglie di Peskov visita con calma l’UE
Tatyana Navka ha pubblicato sulla rete un video di una vacanza in Grecia. Il fatto che questo paese sia “ostile” è di scarso interesse per l’ex pattinatore artistico. pic.twitter.com/k5Uly8nmOM— Gianluca (@Gianl1974) August 22, 2022
Руските и украинските критичари го опишаа нејзиното однесување како наметливо, во време кога во Украина има војна каде се убиваат цивили, особено деца.
Многумина не можеа да поверуваат дека сопругата на Дмитриј Песков се однесува толку лежерно во земја која отворено ја поддржува Украина и која Путин ја означи како „непријателска“.
„Сопругата на висок државен функционер треба да се однесува поскромно. Зарем нејзината позиција не го подразбира тоа? Таа е речиси прва дама на државата“, се наведува во коментарите.
Многумина бесно коментираа како ѝ е дозволен влез во Грција – земја на ЕУ.
„Дали вашиот сопруг Песков, долгогодишниот портпарол на Путин, снимаше сѐ?“, „Зошто не сте на Крим?“, „Како добивте виза за ЕУ“, гласат коментарите.
„Сметам дека е апсолутно несоодветно прес-секретарот на претседателот и неговата сопруга да се забавуваат во овие тешки времиња“, се вели еден лут коментар.
„Целосно го изгубија срамот и најмногу покажуваат како ја „сакаат“ својата татковина и народ“, „Отстранете го ова (видео) и не срамете се“, стои во критиката против нив.
„Во Украина не умираат само украински момчиња, туку и руски мажи. Замислете само за момент како би се чувствувала мајката на починатото момче кога ќе го види вашето видео. Нејзиниот син прави Бог знае што во Украина, а овде го гледаме Рускиот естаблишмент крши чинии, затоа што тие сакаат и се забавуваат“, гласи друга остра критика.
Пред ова видео Татјана објави фотографии од Турција. Таму таа беше фотографирана во проѕирен фустан на плажа, а критиките во коментарите само не престануваа.
„Атина? Артемида? Афродита? Што мислите, кој изглед повеќе ми прилега?”, праша сопругата на Дмитриј Песков во објавата.
„Ова не е вистинското време“, „Срам да ви е“, „Немате срам, сите сте убијци“, „Како можете да ги објавите овие фотографии“…
Не е познато дали Дмитриј Песков ѝ прави друштво на сопругата на одмор. Ако е со неа, камерите сигурно веќе го снимиле.