Сопругата на Џо Бајден ќе испише историја ако нејзиниот сопруг победи на изборите (ФОТО)

69-годишната Џил Бајден сега би можела да стане првата „прва дама“ која ќе ја задржи својата работа доколку нејзиниот сопруг стане претседател.

5,364

Д-р Џил Бајден, сопругата на кандидатот за претесдател САД, Џо Бајден, патуваше по Америка дури и на денот на изборите. Таа ги посети избирачките места во Флорида и во Северна Каролина и ги храбреше гласачите кои чекаа во долги редици, со цел да му се оствари животната желба на нејзиниот сопруг, а тоа е да биде претседател на САД.

Професорката по книжевност се омажила за Џо во 1977 година и така странала маќеа на две деца кои Џо ги имал од првиот брак. Првата сопруга на Џо, заедно со малечката ќерка, загинала во сообраќајна несреќа во 1972 година.






Но, и Џил Бајден исто така имала еден брак пред да го запознае Џо, а го запознала младиот сенатор кога патувала во Вашингтон токму кога била во процес на развод. Двајцата склопиле католички брак во Њу Јорк, а во 1981 година ја добиле ќерката Ешли.

– Таа е неверојатно цврста жена и лојална – ја опишал нејзиниот сопруг.

Џил ги повикуваше гласачите да гласаат за Бајден, и не само демократите, туку и независните и републиканците кои се разочарани од Трамп.

Џил Бајден има две магистерски и докторат, 13 години предаваше англиски јазик и книжевност на Универзитет, ги подучувала адолесцентите со емоционални проблеми во психијатриските болници. Таа влезе во историјата и како „втора дама“, односно сопруга на потпретседателот на САД, која имаше своја платена работа. Основач е на повеќе невладини организации за борба против рак на дојка.

69-годишната Џил Бајден сега би можела да стане првата „прва дама“ која ќе ја задржи својата работа доколку нејзиниот сопруг стане претседател.

– Многу Американки работат и се грижат за семејството, но на Првата дама тоа никогаш не ѝ било дозволено – вели Катерин Џелисон, професорка по право на Универзитетот Охио.

Писателката Кејт Андерсон Броуер, пак, истакнала дека ако Џил Бајден продолжи да работи на колеџ, тој потег засекогаш ќе ги промени очекувањата и ограничувањатаа на првите дами на САД.

Поврзани содржини