СОПРУГАТА НА МИЦОТАКИС ИТНО ОПЕРИРАНА ПО СООБРАЌАЈКА Несреќата ја засени Олимпијадата во Милано

Несреќата се случила во саботата навечер, по завршувањето на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Милано, каде што Грабовски-Мицотакис го придружувала својот сопруг, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Грчкиот портал Прототема објави дека по несреќата таа била хоспитализирана во Атина и веднаш подложена на хируршка интервенција на двете раце. Лекарските извори наведуваат дека нејзината здравствена состојба е стабилна.

887

Сопругата на грчкиот премиер, Марева Грабовски-Мицотакис, доживеала тешка сообраќајна несреќа за време на престој во Италија, по што итно била префрлена во Атина и оперирана на двете раце.

Несреќата се случила во саботата навечер, по завршувањето на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Милано, каде што Грабовски-Мицотакис го придружувала својот сопруг, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.






Грчкиот портал Прототема објави дека по несреќата таа била хоспитализирана во Атина и веднаш подложена на хируршка интервенција на двете раце. Лекарските извори наведуваат дека нејзината здравствена состојба е стабилна.

Премиерот Мицотакис бил постојано со сопругата за време на престојот во болницата и ја следел медицинската постапка од првиот момент. Засега нема официјални информации за причините за сообраќајната несреќа.

Информацијата ја пренесе агенцијата Танјуг, повикувајќи се на грчки медиумски извори, а случајот предизвика големо внимание во грчката јавност поради сериозноста на повредите и брзата медицинска интервенција.

Поврзани содржини