СОПРУГАТА НА МИЦКОСКИ ГИ ИЗРАДУВА ПАЦИЕНТИТЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ Им подели пакетчиња на децата
Сопругата на премиерот, Христијан Мицкоски, Рози Мицковска, денеска придружувана од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски ја посети Клиниката за детски болести и со подароци ги израдува најмалите.
– За време на посетата, таа се сретна со нашите најмали пациенти и им подели подароци во пресрет на новогодишните празници, внесувајќи радост и насмевки во просториите на Клиниката, велат од Клиниката.
Директорот на Клиниката, спец. д-р Реџеп Мемеди, кој ги придружуваше гостите за време на посетата, ја изрази својата благодарност за поддршката и вниманието покажано кон децата и здравствениот персонал.
