СОПРУГАТА НА КОВАЧЕВСКИ НА ПРИЕМ КАЈ ПРВАТА ДАМА НА ТУРЦИЈА „Нула отпад“ е иницијатива за да се подигне свеста за животната средина
Ова е прво протоколарно појавување во јавноста на сопругата на премиерот. Таа го придружува Ковачевски на Генералното собрание на Обединетите нации. Елена носеше фустан кој е креација на македонската дизајнерка Тања Кокев.
Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, Елена во Њујорк присуствуваше на прием организиран од првата дама на Турција Емине Ердоган во рамките на промоција на иницијативата „Нула отпад”, соопштија од Кабинетот на премиерот.
Ова е прво протоколарно појавување во јавноста на сопругата на премиерот. Таа го придружува Ковачевски на Генералното собрание на Обединетите нации. Елена носеше фустан кој е креација на македонската дизајнерка Тања Кокев.
View this post on Instagram
На приемот присуствуваа и сопругите на лидерите на Латвија, Јужна Кореја, Естонија, Франција и Литванија.
Иницијативата на Емине Ердоган „Нула отпад“ има за цел да се подигне свеста за потребата од целосно елиминирање на отпадот, заштита на животната средина со цел да се остави свет со чиста животна средина за идните генерации.