Сопругата на Коби Брајант бара отштета од 100 милиони долари
Во тужбата таа обвинува дека одговорните не ги собрале сите податоци за времето на полетување и дека не го одложиле летот откако дознале за лошите временски услови и за густата магла.
Сопругата на легендарниот кошаркар Коби Брајант, Ванеса Брајант, ја тужи компанијата „Island Express Helicopters“, во чиј хеликоптер загина нејзиниот сопруг и нејзината ќерка Џиана.
Како што објави порталот „The Blast“, Ванеса сака правдата да ја истера на суд, сметајќи дека компанијата е одговорна за смртта на седумтемина патници во хеликоптерот кој се сруши пред 5 месеци.
Во тужбата таа обвинува дека одговорните не ги собрале сите податоци за времето на полетување и дека не го одложиле летот откако дознале за лошите временски услови и за густата магла.
Според медиумите, Ванеса наводно бара отштета од 100 милиони долари.
„Поради смртта на Коби и на Џиана, Ванеса Брајант бара економска и неекономска отштета и други олеснувања кои судит ги смета за исправни“, наведено е во документите предадени во судот, пренесува порталот.
Освен Ванеса, приватни тужби подготвуваат и семејствата на останатите загинати патници во падот на хеликоптерот.