Канадската кантавторка Клер Елиз Баучер (33), попозната како Грајмс, на својот инстаграм-профил во вторникот напиша дека е „подготвена да умре со црвена прашина од Марс под стапалата“.
Покрај објавата Грајмс приложи фотографија од фабриката „СпејсИкс старбејз“ во САД во државата Тексас, пишува „Дејли мејл“.
Грајмс со сопственикот на „СпејсИкс“ и на „Тесла“, Илон Маск (49), го доби синот, на кого му го дадоа чудното име X AE A-XII (се чита X Ash A Twelve или Икс пепел A 12).
Британски „Сан“ пишува дека Грајмс минатиот месец изјавила дека сака да се пресели на Марс откако ќе наполни 50 години за да основа човечка колонија таму.
„Најверојатно физичка работа до смрт, но се надевам дека тоа може да се промени“, додаде пејачката.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм