Трагедија во семејството на фронтменот на легендарниот хеви метал бенд „Ајрон мејден“, Брус Дикинсон (61). Телото на неговата поранешна сопруга Педи Боуден е пронајдено во нивната куќа во Лондон.
Деталите за трагедијата засега не се познати, а на местото на несреќата биле испратени две екипи на итната помош. За жал, Педи тогаш веќе била мртва. Лекарите ја утврдиле смртта на лице место.
Дикинсон им се обрати на медиумите и соопшти дека имало „несреќа што предизвикала трагичен крај“.
– Ова е страшна трагедија која изгледа е несреќен случај. Разорени сме јас и нашите деца, остин, Грифин и Киа. Од почит кон Педи нема понатаму да го коментираме овој исклучителен тежок и болен период за нашето семејство – порачал пејачот.
Брус и Педи беа во брак 30 години, а музичарот ја напуштил сопругата, со која има три деца, минатата година, поради својата обожавателка и фитнес инструкторка Лијана Долчи, која е 15 години помлада од него, и се пресели во Париз.
ФОТО: Инстаграм