СОПРУГАТА НА БРУКЛИН БЕКАМ ПОЗИРА ТОПЛЕС Никола Пелц Бекам покажа колку ослабела за новиот филм

Според странските медиуми, наводно, фотографиите се направени на снимањето на нејзиниот нов филм „Прима“, за кој интензивно се подготвувала. За да го отелотвори ликот што е можно поубедливо, Пелц поминала четири месеци напорна балетска обука и се придржувала на строга диета, поради што сега има под 45 килограми.

151

Никола Пелц објави провокативни фотографии на кои позира топлес, непосредно пред 27-миот роденден на нејзиниот сопруг Бруклин Бекам. Нејзината објава доаѓа во време на жестока семејна расправија со Бекамови која со месеци ги полни медиумите.

31-годишната Никола сподели на социјалните мрежи две фотографии снимени пред огледало, оставајќи ѝ малку на имагинацијата. На едната од нив, таа позира облечена само во бели хеланки и сандали со високи потпетици, додека со рацете ги покрива голите гради.






На втората фотографија, таа направила селфи во бањарка, нагласувајќи го природниот изглед и суптилната шминка. Косата ѝ паѓа во меки бранови преку рамената додека заводливо гледа во камерата.

Според странските медиуми, наводно фотографиите се направени на снимањето на нејзиниот нов филм „Прима“, за кој интензивно се подготвувала. За да го отелотвори ликот што е можно поубедливо, Пелц поминала четири месеци напорна балетска обука и се придржувала на строга диета, што предизвикало нејзината телесна тежина да падне под 45 килограми.

Прима е независна драма која моментално е во продукција, во режија на Алесандро и Лука Морели (Браќата Морели). Приказната се фокусира на Марго (ја игра Никола Пелц Бекам), класична балерина чиј свет се разнишува кога модерните промени ѝ се закануваат на традицијата на нејзината балетска компанија, и таа почнува да се прашува за реалната цена на целосната посветеност на уметноста.

Во актерската екипа се и Феј Данавеј, Џек Хјустон, Бети Габриел и Мира Сорвино.

Поврзани содржини