СОПРУГАТА НА БАЛАШЕВИЌ ЈА ПОКАЖА КУЌАТА Погледнете го прекрасниот и топол амбиент (ФОТО)

1,647

За два дена, ќе се навршат седум месеци од смртта на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, а неговите обожаватели низ поранешна Југославија сѐ уште со тага зборуваат за него, пишува хрватски „Индекс“.

Неговата вдовица Оливера Балашевиќ се врати на работа и ја промовираше својата книга „Планета Двориште“, а повремено своите и обожавателите на Ѓорѓе ги развеселува со објави на Инстаграм. Некои од тие објави ја прикажуваат внатрешноста на куќата во улицата „Јован Цвијиќ“, каде што парот живееше заедно со децении.







Улицата „Јован Цвијиќ“ неколкупати e отпеана во песните на Балашевиќ, а ентериерот зрачи со духот на Војводина. Оливера е позната како одлична домаќинка, а на многумина им го привлекло вниманието на нејзиниот шкаф со тантела на кој држи тегли и зачини.

Покажала и дел од спалната соба, но и од кујната, каде подготвила палачинки за своето семејство.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини