Првата дама на САД Џил Бајден (69) беше фотографирана при излегувањето од авионот додека на себе носела здолниште над колената и везени чорапи, што многумина го опишаа како „комбинација недостојна за сопругата на претседателот“, а судејќи според критиките на социјалните мрежи, се чини како „таквиот младешки имиџ не е во склад ниту со нејзините години“.
„Ова изгледа евтино… Како не ѝ е непријатно? Таа е дефинитивно престара за овој стил на облекување! Мора да ги побркала празниците, можеби мислела дека е „Ноќта на вештерките“! За дополнителни 29,99 долари би можела да го комплетира својот костум и со соодветна метла… Во секој случај, во 70-тата година од животот не носете мрежести чорапи и вакви чизми! Драг Боже, па таа изгледа како баба на Мадона!“, ја нападнаа твитерџиите.
Некои конзервативци исто така ја искористија можноста да ја пофалат претходничката на Џил, Меланија Трамп, инсистирајќи на тоа дека 50-годишната Словенка во истите чорапи би изгледала многу подобро.
„Меланија дефинитивно има нозе за нив, а не старата Џил Бајден! Ова е одвратно! Целиот стајлинг е целосен хаос. Мини здолниште? Сѐ црно? Облеката е грда за жена од која било возраст“, заклучиле критичарите.
ФОТО: Јутјуб