Сопруг и сопруга од Прилеп се испотепале, па се накодошиле во полиција

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

515

Прилепчанец пријавил во полиција дека сопругата го нападнала и повредила со остар предмет, а сопругата пак еден час подоцна, во истата станица пријавила дека тој физички ја нападнал.

Како што соопшти МВР, вчера во 22:15 часот, 40-годишен маж пријавил дека во 19:30 часот во домот каде престојува неговата сопруга (28), со која се во бракоразводна постапка, по претходна расправија, со остар предмет го удрила во пределот на грбот и му нанела повреда. Истиот ден, во 23:15 часот во ОВР Прилеп, сопругата пријавила дека во 19:30 часот во нејзиниот дом, нејзиниот сопруг физички ја нападнал.






Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Поврзани содржини