СОПРЕНА ТЕШКА КРАЖБА ВО СКОПЈЕ Освен предметите, во возилото „пасат“ најден и пиштол „Берета“

Како што информираат денеска од МВР, при преглед на возило „фолксваген пасат" со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба" извршена во подрумски простории на бул.„Видое Смилевски Бато" во Скопје и еден пиштол „Берета".

337

Скопската полиција синоќа околу 19 часот на булеварот „Александар Македонски” во Скопје ги лишила од слобода С.М.(22) од Босна и Херцеговина, со живеалиште во Шуто Оризари – Скопје и М.С.(20) од Скопје.

Како што информираат денеска од МВР, при преглед на возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба” извршена во подрумски простории на бул.„Видое Смилевски Бато” во Скопје и еден пиштол „Берета”.






Предметите им биле одземени и ќе бидат вратени на сопственикот, а тие биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини