СОПКА ЗА СОПКАТА НА ОРБАН Брисел размислува да ѝ го одземе гласачкото право на Унгарија во Советот на ЕУ
Ова ќе биде осмото по ред сослушување за Унгарија, откако Европскиот парламент во 2018 година ја започна постапката според член 7 против земјата. Овој член од Договорот за Европската Унија дозволува одземање на правото на глас во Советот доколку некоја земја-членка „континуирано ги нарушува темелните вредности на Унијата“.
Советот на Европската Унија на состанокот на 27 мај ќе одржи сослушување за евентуалното губење на гласачкото право на Унгарија, според дневниот ред објавен на веб-страницата на Советот, објави новинската агенција ТАСС.
Ова ќе биде осмо сослушување за Унгарија откако Европскиот парламент во 2018 година ја активираше постапката според член 7 против оваа земја.
Член 7 од Договорот за ЕУ овозможува суспензија на правото на глас во Советот, доколку земја-членка систематски ги прекршува основните принципи на Унијата.
Европските министри ќе разговараат за статусот на Унгарија на состанокот на Советот за општи работи на 27 мај, соопшти Советот.
Вето за пристапување во Европската Унија
Сослушувањето се одржува во момент кога ЕУ бара начини како да ја заобиколи Будимпешта доколку Унгарија стави вето на пристапувањето на Украина во Европската Унија.
Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, изјави на 10 мај дека Брисел има алтернативни планови во случај Унгарија да се обиде да ја блокира кандидатурата на Украина.
– Имаме план Б и план Ц. Но, нашето внимание е насочено кон планот А, кој предвидува поддршка од сите – изјави Калас пред новинарите.
Повеќекратна блокада на помошта за Украина
Унгарскиот премиер Виктор Орбан повеќепати ги блокираше или одложуваше пакетите за помош на ЕУ за Украина, додека истовремено се противеше на санкциите против Русија. Континуираната опструкција на поддршката за Украина од страна на Унгарија повеќепати предизвика закани дека земјата ќе го загуби правото на глас.
Европскиот парламент постојано изразува загриженост според член 7 поради „ерозија на владеењето на правото“ во Унгарија.
Под владеењето на Орбан, Унгарија се соочува со критики од меѓународни организации за ограничување на слободата на медиумите и за поткопување на демократијата.
Масовни протести избувнаа во Будимпешта на 18 мај како одговор на контроверзен закон кој ѝ дава широки овластувања на владата да истражува, казнува, па дури и забранува медиуми и невладини организации кои добиваат какво било финансирање од странство.