📷 СОПИШТЕ УЖИВА ВО СНЕЖНАТА ИДИЛА СО 25 САНТИМЕТРИ СНЕГ Проодни се патиштата и до планинските села
На терен работат 3 специјални возила за чистење снег, како и три багери, кои редовно ги одржуваат патиштата во добра состојба и безбедно движење на возилата.
Снежната покривка во општина Сопиште достигна висина од над 25 сантиметри, додека на планинските села таа надмина 50 сантиметри. За да се обезбеди проодност на патиштата, сите главни правци до населените места се исчистени и проодни, вклучувајќи ги и локалните улици и нивните краци.
На терен работат 3 специјални возила за чистење снег, како и три багери, кои редовно ги одржуваат патиштата во добра состојба и безбедно движење на возилата.
– Снег има до половина метар, но без проблем се стасува до Долно Соње, па и до планинското село Држилово. Секоја чест за општинарите. Вака навистина можеме да уживаме во снежната идила – велат жители на Сопиште.
Чистењето се одвивало од 2 часот рано утрото, а патните правци во текот на денот се одржуваа во интервали од 2 до 3 часа.