Соочување

5,154

Однесувањето на граѓаните од сите слоеви укажува на тоа дека во Македонија денес не постои вредносен систем во кој солидарноста, толеранцијата и хуманоста се темели на заедништвото. Егоизмот е modus vivendi. Лагата е легитимна. Измамата е оправдана. Од врвот до подножјето на пирамидата.

Кога ќе помине пандемијата (доколку помине) ќе треба да се запрашаме за тоа како ги воспитуваме децата, какво ни е образованието, какви вредности создава културата…






Ќе треба да се потсетиме дека според Уставот државата е секуларна и дека системот е парламентарна демократија (со големо Д). Ќе треба да се запрашаме колкава е неписменоста (во сите слоеви) која ја овозможува/олеснува манипулацијата со граѓаните и ги прави плен на лажни вести, теории на заговори, лажни пророци, демагози и „спасители“.

Знам колку е тешко, но знам и колку е неопходно доколку сакаме да опстанеме. Пандемии ќе има и во иднина зашто човештвото ја загрозува планетата и таа се брани. Мора да престанеме да ги уништуваме земјата, водата и воздухот.

Мора да спречиме  Македонија да биде пустелија, феуд во кој владеат варварството и алчноста!

(ФБ статус на авторот)

 

Поврзани содржини