СООБРАЌАЕН ХАОС ПОРАДИ КОСОВСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА Жена во солзи вели дека не може да стигне на погребот на татко ѝ (ВИДЕО)
Дури 45 минути подоцна на раскрсницата пред хотелот Александар палас помина косовската делегација поради која беше блокиран сообраќајот, по што возилата можеа да поминат.
Уште од раните утрински часови хаос по скопските улици предизвика денешната заедничка седница на македонската и косовска влада.
Колони возила уште изутрина беа заробени во метежот и беспомошно чекаа да стигнат таму каде што тргнале.
ТВ Сител објави прилог во кој една скопјанка се жали дека поради блокадата на улиците не може на време да стигне на погреб на нејзиниот татко.
– Чекам 20 минути, никој не сака да ми направи простор за да поминам. Сите полицајци ми велат „чекајте две минути“. Јас само ги замолувам да ми направат простор автомобилите, да се ослободам и да си одам на погреб кај татко ми. Баш ми е гајле кој поминува – вели таа низ солзи.
Дури 45 минути подоцна на раскрсницата пред хотелот Александар палас помина косовската делегација поради која беше блокиран сообраќајот, по што возилата можеа да поминат.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, поради најавениот настан, информираше дека сообраќајот во Скопје ќе се одвива по изменет сообраќаен режим, но не прецизираше по точно кои улици, за да можат граѓаните да го избегнат метежот.