СООБРАЌАЈОТ НА ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН Возачите предупредени да бидат внимателни на повеќе патни делници

Сообраќајот на останатите гранични премини е нормален, но АМСМ предупредува за зголемен ризик од одрони на повеќе патни правци.

119

Од 17 часот повторно е запрено движењето на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица), информираат од АМСМ, додека на остатокот од државните патишта сообраќајот се одвива нормално.

Сообраќајот на државните патишта денеска се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет, соопштуваат од Авто-мото сојузот на Македонија. Од таму додаваат дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.






Од АМСМ потенцираат дека застојот на ГП Евзони започнал повторно околу 17:00 часот, без најави за тоа колку долго ќе трае блокадата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини