„СООБРАЌАЈОТ Е ПОД ВИДЕО НАДЗОР“ Се поставуваат табли од системот „Безбеден град“

На вчерашната координација на пратеничките групи била постигната согласност ДУИ да ги поддржи измените во Законот за прекршоци.

125

Низ булеварите во Скопје веќе почнаа да се поставуваат информативни табли со кои се известува дека сообраќајот е под видео надзор, како дел од имплементацијата на системот „Безбеден град“, кој треба наскоро да профункционира.

За правосилно стапување на системот, неопходни се измени на Законот за прекршоци, за кое е потребно двотретинско мнозинство во Собранието. На вчерашната координација на пратеничките групи била постигната согласност ДУИ да ги поддржи измените во Законот за прекршоци, со што се отвора патот камерите на сообраќајниците да почнат со правосилна примена од 1 февруари. Изгласувањето на законските измени, според најавите, најверојатно ќе се случи во текот на следната недела.






Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска во Собранието одржува јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Со предложените измени, како што се наведува, ќе се отстранат воочените слабости во постојните законски решенија, особено во делот на заострување на казнената политика со цел повторно зајакнување на нејзината превентивна и репресивна функција.

Предлог-законот предвидува и воведување ново кривично дело – „злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално-експлицитна содржина“, со што како примарен објект на заштита се поставува приватноста на граѓаните.

Во пакетот измени се опфатени и кривичните дела против безбедноста во сообраќајот и одземањето предмети, кои се директно поврзани со имплементацијата на проектот „Безбеден град“.

Поврзани содржини