Сообраќајна несреќа на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот во прекин
Сообраќајот се пренасочува по стариот пат.
Во 18.10 часот, поради случена сообраќајна незгода на магистралниот пат А4 Струмица-Радовиш, сообраќајот во моментов е во прекин, информира АМСМ.
Според Авто мото сојузот, сообраќајот се пренасочува по стариот пат.
Нема информација за повредени во сообраќајката.