Сообраќајна несреќа се случила вечерва во скопската населба Кисела Вода на крстосницата на булеварот „Борис Трајковски“. Во несреќата учествувале џип „БМВ Х6“ и „опел астра“.
Со возила на Итната медицинска помош две лица биле однесени во болница. Засега не е позната здравствената состојба на двајцата повредени.