СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ШТИП-МИЛАДИНОВЦИ Возачите тешко повредени, „Голф“ и „Ауди“ се движеле во ист правец

Според информации од Клиничка болница-Штип, две лица на возраст од 27 и 41 година, односно возачот и сопатникот од возилото „Голф“ се прегледани во Клиничка болница Штип, но поради тешките повреди на карлицата и долните екстремитети се пренесени во Скопје.

293

Тешко повредени се две лица во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Штип – Миладиновци кај бензинска станица кај Свети Николе. Несреќата ја потврди и портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Сообраќајката се случила околу 13:00 часот помеѓу возило „Голф“ со радовишки регистарски таблички и „Ауди“ со скопски регистарски таблички. Возилата се движеле во ист правец.






Според информации од Клиничка болница-Штип, две лица на возраст од 27 и 41 година, односно возачот и сопатникот од возилото „Голф“ се прегледани во Клиничка болница Штип, но поради тешките повреди на карлицата и долните екстремитети се пренесени во Скопје.

Увид извршил Основен јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Свети Николе.

Поврзани содржини