Сообраќајка кај Длапкин Дол, еден загинат и тројца повредени
Животот го загубил 62-годишен скопјанец, а двајцата сопатници кои биле со него во возилото „хонда“ се полесно повредени. Во опел астрата потешко повредена е жена, но таа е надвор од животна опасност.
Скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 13.30 часот во близина на кичевското село Длапкин Дол. Повредени се уште три лица од кои една жена потешко и е пренесена во Медицинскиот центар во Кичево.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека до несреќата дошло при судар на возило марка „хонда“ со скопски таблички и „опел астра“ со тетовски таблички.
Животот го загубил 62-годишен скопјанец, а двајцата сопатници кои биле со него во возилото „хонда“ се полесно повредени. Во опел астрата потешко повредена е жена, но таа е надвор од животна опасност.
Во тек е увид од страна на полициските службеници и јавен обвинител.